Tuesday, September 18, 2018

Vidovi Majmuni


Гибони (науч. Hylobatidae) — семејство на примати кои ја населуваат Југоисточна Азија. Тие се најблиски со семејството на хоминидите (големите човеколики мајмуни) и, соодветно, често се нарекуваат ,,мали човеколики мајмуни‘‘ и се вклучуваат во семејството на хоминидите како потсемејството Hylobatineae.Ареалот во кој се среќаваат гибоните се протега од североисточна Индија, Мијанмар и јужна Кина до Малајскиот Полуостров и индонезиските острови Борнео и Јава. Порано гибоните биле распространети на значително поголема територија, на почетокот на вториот милениум тие се среќавале речиси во цела Кина. Главните сфери на живеење се тропските шуми, а понекогаш може да се најдат во планинските шуми на надморска височина од 1800 метри.Silbergibbon mit Nachwuchs.jpg

No comments:

Post a Comment