Sunday, September 16, 2018

Vidovi Majmuni


Male gorilla in SF zoo.jpgГорилата спаѓа во редот примати во фамилијата човеколики мајмуни. Постојат три подвида горили: западен гориларамничарски горила (со околу 45 000 единки) и планински горила (само 650 единки). Горилите живеат во тропските шуми во централна Африка и во тамошните планини на надморска височина до четири илјади метри. Тоа е најголемиот мајмун. Мажјакот е висок до 2,30 метри и тежок до 300 килограми; женките се помали. Во својата природна средина горилите живеат околу 35 години. Горилата нема точно определено време за спарување. По периодот на носење што трае околу 9 месеци, женката раѓа едно младенче кое останува закечено за нејзиниот стомак следните два и пол месеци. Доењето трае една година, но уште три години женката се грижи за своето младенче, а дури потоа повторно се спарува.

No comments:

Post a Comment