Tuesday, September 18, 2018

Vidovi Majmuni


Шипанзото (лат. Pan) е цицач од редот примати и од фамилијата човеколики мајмуни. Тој е најинтелигентниот претставник на оваа фамилија и воедно тој е најблискиот човеков сродник од светот на животните. Постојат два вида шимпанза, обичен и џуџест шимпанзо наречен бонобо. Сите имаат темно крзно, додека лицето, дланките од рацете и стапалата им се без влакна. Немаат опашка, а ушите, усните и аркадите над очите им се испакнати. Се среќава само во екваторијална Африка, каде што живее во шумите и во саваните. Се движи главно по дрвја, но може да мине големи растојанија, движејќи се исправено на задните нозе. Кога оди четириножно, се потпира врз првата фаланга. На рацете има пет прста, исто како и човекот. Висината му варира од 95 до 175 cm,а живее 30 години, со распон на рацете и до 2 метри; тежи меѓу 40 и 80 килограми. Image result for шимпанза

Vidovi Majmuni


Гибони (науч. Hylobatidae) — семејство на примати кои ја населуваат Југоисточна Азија. Тие се најблиски со семејството на хоминидите (големите човеколики мајмуни) и, соодветно, често се нарекуваат ,,мали човеколики мајмуни‘‘ и се вклучуваат во семејството на хоминидите како потсемејството Hylobatineae.Ареалот во кој се среќаваат гибоните се протега од североисточна Индија, Мијанмар и јужна Кина до Малајскиот Полуостров и индонезиските острови Борнео и Јава. Порано гибоните биле распространети на значително поголема територија, на почетокот на вториот милениум тие се среќавале речиси во цела Кина. Главните сфери на живеење се тропските шуми, а понекогаш може да се најдат во планинските шуми на надморска височина од 1800 метри.Silbergibbon mit Nachwuchs.jpg

Vidovi Majmuni

Вистински мајмуни, симии или виши примати (науч. Simiiformes) — инфраред на сувоносни мајмуни (Haplorhini) кои имаат слична градба на телото со човекот. Според последните антрополошки и генетички податоци, сите мајмуни од инфраредот на вистинските мајмуни се делат на два парвредови: широконосни („новосветски мајмуни“) и тесноносни („старосветски мајмуни“). Најстарите фосили на вистински мајмуни се пронајдени во Индија во 2008 година и се од видот гуџаратска антрасимија (Anthrasimias gujaratensis). Тие датираат од пред 54,5 милиони години. Од еоценските депозити во Кина е познат родот еосимија, стар околу 45 милиони години. Во застарената систематика овој таксон се сметал за подред на антропоидите — вишите примати (Anthropoidae). Денес, заедно со аветите, вистинските мајмуни се вклучени во поткласата на сувоносни мајмуни. Времето на разделување на сувоносните мајмуни на вистински мајмуни и авети, според генетиката, се проценува на 77-80 милиони години, а претходните проценки биле 63 милиони години. Разделувањето на тесноносни и широконосни било пред 43 милиони години.Bjeloruki gibon  (Hylobates lar)

Sunday, September 16, 2018

Vidovi Majmuni


Male gorilla in SF zoo.jpgГорилата спаѓа во редот примати во фамилијата човеколики мајмуни. Постојат три подвида горили: западен гориларамничарски горила (со околу 45 000 единки) и планински горила (само 650 единки). Горилите живеат во тропските шуми во централна Африка и во тамошните планини на надморска височина до четири илјади метри. Тоа е најголемиот мајмун. Мажјакот е висок до 2,30 метри и тежок до 300 килограми; женките се помали. Во својата природна средина горилите живеат околу 35 години. Горилата нема точно определено време за спарување. По периодот на носење што трае околу 9 месеци, женката раѓа едно младенче кое останува закечено за нејзиниот стомак следните два и пол месеци. Доењето трае една година, но уште три години женката се грижи за своето младенче, а дури потоа повторно се спарува.